Флоријан Вирц има 21 година и уште од сега е лидер на Германија, а неодамна на Баер Леверкузен му го донесе првиот трофеј во историјата на Бундеслигата. Со „фармацевтите“ може да дојде до сите три трофеи, откако е во финалето на Купот со Кајзерслаутерн, а неговиот тим неодамна во полуфиналето во Лигата на Европа ја совлада Рома на гости во првиот натпревар и се стекна со одлична предност.
За фудбалерот, кој сезонава на 45 натпревари има 18 голови и 19 асистенции, се интересираат големите клубови. Битката ја водат Манчестер Сити и Реал Мадрид кои го посакуваат овој талентиран играч во своите редови.
Баер Леверкузен потврди дека ова лето нема да го продаде, и ќе игра уште најмалку една сезона во Бундеслигата. Но, се очекува во летото 2025 година да дојде до трансфер, со оглед дека за Реал фокусот ова лето е на Килијан Мбапе. А, дека Вирц м,оже да тргне по стапките на Мбапе, покажува фактот дека Тони Крос посредува во овој трансфер и се чини дека ќе биде реализиран идното лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА