ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Шкендија го освои Чаир, Македонија ЃП и Брегалница и официјално второлигаши

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

ТИМ НА 31. КОЛО

Фудбалерите на Шкендија стигнаа до голема победа на гостувањето кај Шкупи од 0-2 во дерби натпреварот од 31. коло во Првата македонска фудбалска лига и со тоа веројатно го откажаа својот голем ривал од титулата. По се изгледа Шкендија и Струга ТЛ ќе одлучуваат за тоа кој ќе биде нов шампион на Македонија и тоа во директниот дуел меѓу овие два тима кој ќе се игра следната рунда во Тетово, откако Струга со минимални 1-0 беше подобра од Гостивар. По поразот на Македонија ЃП од Вардар (1-0) и ремито на Брегалница со АП Брера познато е дека овие два тима следната сезона ќе ги гледаме во ВМФЛ, додека најтрофејниот ќе игра бараж против Детонит Плачковиц, бидејќи Воска славеше на домашен терен со Силекс со 2-1. Работнички го одигра веројатно најдобриот меч оваа пролет откако на арената „Тодор Проески“ беше подобар од Тиквеш со 3-1.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Клисман Цаке (Шкендија) 

Фудбалерите на Шкендија стигнаа до голема победа на гостувањето кај Шкупи од 0-2 во дерби натпреварот од 31. коло во Првата македонска фудбалска лига и со тоа веројатно го откажаа својот голем ривал од титулата. Феноменален на овој меч беше Клисман Цаке кој и повеќе од заслужено го доби епитетот за најдобар на рундата.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Јетон Беќири (Шкендија)
Фудбалерите на Шкендија стигнаа до голема победа на гостувањето кај Шкупи од 0-2 во дерби натпреварот од 31. коло во Првата македонска фудбалска лига и со тоа веројатно го откажаа својот голем ривал од титулата. Јетон Беќири одлично го постави својот тим за овој меч и дефинитивно го надигра својот ривал на другата страна Ернест Ѓока.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Атдхе Мазари (Работнички) 

Работнички го одигра веројатно најдобриот меч оваа пролет откако на арената „Тодор Проески“ беше подобар од Тиквеш со 3-1. Мечот го одбележа неверојатниот погодок на Атдхе Мазари со ножички кој ќе се најде во потесниот избор и за најдобар погодок сезонава во ПМФЛ.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

ФОТО НА КОЛОТО: ФЕР ПЛЕЈОТ Е СЕКОГАШ МОДЕРЕН ВО ФУДБАЛОТ! 

 

Се вчитува...