Кошаркарскиот клуб Фенербахче е казнет со 30.000 евра поради упадот на навивачите по четвртиот натпревар од четвртфиналната серија на Евролигата против Монако. Турскиот тим доби лесна казна за фрлање предмети на теренот во текот на играта, како и за упад на теренот по натпреварот.
Веднаш по крајот на натпреварот, навивачите на домашната екипа втрчаа на теренот каде сакаа да се пресметаат со кошаркарите на Монако. Тие не мируваа ниту во текот на натпреварот, бидејќи во еден момент дури и попречија да се уфрли топката во игра. Во текот на последната четвртина судиите мораа да ја прекинат играта поради фрлање предмети на теренот.
Евролигата го санкционираше и играчот на Монако, Џерон Блосомгејм, со предупредување за непочитување на навивачите. Мајсторката од серијата е на програмата во среда од 19 часот во Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА