МЗТ убедливо загуби од Суботица со 36 разлика, 98-64 за да се прости од пласман во најквалитетната АБА лига. Таму оди тимот на Суботица, кој ќе игра со Војводина.
Тренерот на македонскиот шампион по мечот изјави дека ова бил на неговите кошаркари најслабиот натпревар оваа сезона.
„Ова беше нашата најлоша партија во АБА2 лигата. На мечот во Скопје имав некои замерки, но тука изгледавме така лошо, особено енергетски. Им честитам на Спартак, им посакувам успех во финалето“, изјави Васко Атанасов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА