Најдобриот македонски кошаркар Нено Димитријевиќ ја воодушевува јавноста на стариот континент со одличните партии во дресот на Уникс Казањ во руската ВТБ лига.
Неговите феноменали партии сезонава ги следат сите големи тимови на стариот континент, а заинтересираност за услугите на нашиот најдобар кошаркар покажуваат италијанските евролигаши, Олимпија Милано и Виртус Болоња.
Како што пренесуваат италијанските медиуми Димитријевиќ би требало да тргне по стапките на неговите претходници, Врбица Стефанов, Петар Наумовски и Владо Илиевски кои своевремено исто беа дел од шампионатот на Апенинскиот полуостров.
Интерес за Димитријевиќ покажа и Фенербахче, а долго се шпекулира и со негово преминување во српски Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА