Возачот на Мекларен, Ландо Норис стигна до првата победа во кариерата во Формула 1 откако во една чудна трка славеше на Големата награда на Мајами. Се одеше повторно во еден правец, а тоа е победа на Ферстапен се до новата глупост на Логан Сарџент.
По инцидентот кој го имаше Сарџент со Хулкенберг мораше да излезе на патеката возило за безбедност, по кое Ландо Норис го искористи да влезе во пит стоп и да излезе пред Макс Ферстапен. По излегувањето од пит стоп Мекларенот имаше подобри перформанси па Норис успеа да ја одбрани позицијата пред Ферстапен кој на крајот мораше да се задоволи со второто место.
Подиумот го надополни Шарл Леклер во Ферари, додека во топ 10 се најдоа уште и: Сајнц, Перез, Хамилтон, Цунода, Расел, Алонсо и Окон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА