Возачот на Мекларен, Ландо Норис е сензационалниот освојувач на Големата награда на Мајами. За Британецот тоа е прв триумф на една стаза во Формула 1 шампионатот во својата 110. трка во кариерата.
Честитки до Норис упати и Макс Ферстапен кој по втор пат оваа сезона не заврши на првото место. Холандскиот возач се надева дека ова нема да биде последен триумф по помладиот колега.
„Некогаш победувате, некогаш губите. Сите се навикнавме на тоа во светот на трките. Денеска беше малку проблематично за мене. Дури и на средни гуми не се чувствував пријатно. Правевме предност, но така како што требаше. Кога во пит-стопот чув како поминува Мекларен до мене си помислив „Вау, тоа баш брзо“. Кога преминаа на тврди гуми, имаа подобар ритам, посебно Ландо. Леташе. Тој дел беше тежок за нас.
Многу ми се мило за Ландо. Долго ја чекаше оваа победа, а таа нема да биде негова последна. Дефинитивно го заслужи триумфот“, вели Ферстапен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА