Поранешниот македонски репрезентативец, Владо Илиевски оваа сезона заплива во менаџерските води добивајќи ја функција спортски директор на словенечкиот АБА лигаш и учесник во Еврокупот, Цедевита Олимпија, но по само една сезона ќе престане да ја врши истата, објави клубот.
Катастрофалните резултати на Цедевита Олимпија во Еврокупот каде тимот од Љубљана забележа само една победа во 18 натпревари и елиминацијата во четвртфиналето од регионалното првенство го примора раководството на тимот за промена па местото на Македонецот ќе го наследи шпанскиот експерт, Чечу Мулеро кој две децении работел во Валенсија вршејќи различни функции во клубот.
V sezoni 2024/25 bo vlogo športnega direktorja v KK Cedevita Olimpija prevzel Chechu Mulero, ki je pred tem skoraj dve desetletji v različnih vlogah deloval v španski Valencii.
Mulero bo na tem mestu zamenjal Vlada Ilievskega, ki mu ob zaključku sezone 2023/24 poteče pogodba. pic.twitter.com/S6skt7xu6o
— Cedevita Olimpija Ljubljana (@KKCedOL) May 6, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА