Реал Мадрид максимално подготвен ќе го дочека реваншот со Баерн Минхен од полуфиналето во Лигата на шампионите откако првиот меч на „Алијанц Арена“ заврши без победник.
Карло Анчелоти на располагање ќе го има речиси целиот тим со исклучок на Давид Алаба, кој веќе подолго време е повреден, а искусниот стратег денеска ја разреши главната дилема околу составот, конкретно одговарајќи на прашањето кој голман ќе се појави од првата минута во составот на „Сантијаго Бернабеу“.
Тибо Куртоа викендов го имаше својот камбек на терените бранејќи на дуелот со Кадиз, но Анчелоти најави дека Белгиецот утрешниот меч ќе го следи од клупата, а шанса на теренот ќе добие Андреј Лунин.
„Лунин ќе биде наш голман утре против Баерн. Куртоа бранеше добро, но јасно е дека по толкава пауза ќе му треба време за да влезе во топ-форма. Одлуката е донесена“, прокоментира стратегот на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА