Огромен хаос му се заканува на бразилскиот фудбал откако поплавите создадоа неочекувани проблеми во бразилската држава Рио Гранде до Сул.
Гремио, Хувентуде и Интер веќе поднесоа барање до федерацијата за одлагање на сите натпревари предвидени да се одиграат во оваа држава, и тоа за најмалку дваесет дена. Од федерацијата се уште нема одговор, но се чини дека ќе мора да биде прифатено ова барање ако се земе во предвид сериозноста на проблемите.
Над 80 лица го загубија животот во поплавите во Бразил, 111 се водат за исчезнати, а водата остава пустош зад себе. Доказ за тоа се и фотографиите од стадионите на клубовите кои побараа одлагање, на кои јасно се гледа дека не постојат никакви услови за играње фудбалски натпревари.
Имено, на стадионите „Беира Рио“ во Порто Алегри и на „Гремио Арена“ теренот и денеска е целосно поплавен и јасно е дека во блиска иднина на него нема да може да се игра фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА