ПСЖ по првите 45. минути не успеа да покаже дека е зрел за пласман во финалето во Лигата на шампионите, откако не успеа да направи ниту една стонастотна шанса по голот на Борусија Дортмунд. Имаше неколку удари, кои беа лесен плен за Кобел, а на другата страна, пак, Дортмунд трпеливо ја чека својата шанса од противнапад.
Токму една таква контра можеше да ја материјализира Адејеми, кој шутираше, но Донарума одлично му одбрани, па така на полувреме мрежите мируваа.
ПСЖ има уште едно полувреме да ја спаси сезоната во ЛШ, додека Борусија Дортмунд, пак, уште 45. минути до ново, трето финале во историјата на ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА