Кошаркарите на Црвена Звезда се првите финалисти во АБА кошаркарската лига, откако денеска и на гостувањето ја победија Мега убедливи со 69-94, и така ја остварија втората победа со која влегоа во финалето.
Почетокот на натпреварот не ветуваше лесна победа на Звезда, особено ако се има во предвид дека Мега по првата четвртина имаше предност од 26-19. Сепак, работите целосно се свртеа во следните две четвртини кои ги добија белградските „црвено-бели“ со 11-28 и 16-29, и предвреме го решија прашањето околу победникот, доведувајќи го натпреварот рутински до крај.
Гиедраитис беше најефикасен со 20 поени.
Црвена Звезда го чека подобриот од мечот Партизан – Будуќност. Тимот од Подгорица вечерва славеше и израмни во серијата на 1-1, и сега решавачкиот меч ќе се игра во Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА