Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победата го стартуваше ИТФ Фјучерсот во Трнава, Словачка, кој се игра за награден фонд од 60.000 долари.
Во првото коло ја совлада руската тенисерка Полина Кудерметова (165. место на ВТА листата) во два сета, со 6-4 и 6-4.
Во второто коло Ѓорческа ќе игра против победничката од мечот на првата носителка Маи Хонтама (Јапонија) и Радка Зелничкова (Словачка).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА