Српскиот фудбалски судија Филип Тошиќ од Заечар е прведен поради основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Се работи за 22-годишен судија кој ја делел правдата во српското првенство, поради што и информацијата предизвика шок во спортските кругови во Србија.
„Како е можно на списокот на судии да има дилер на дрога? Како е тој да биде перспектива на регионот? Филип Тошиќ од Заечар беше постојано делегиран се до апсењето на 3. мај! Во неговиот автомобил биле пронајдени 800 грама дрога, под сомнение дека ја консумирал и продавал на деца во населбата Заечар. Тоа е страшно нешто“ – вели за српските медиуми поранешниот судија Нинослав Спасиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА