Мароканскиот фудбалер Хаким Зијеш, не сака да се врати во Челси по завршувањето на сезоната. Крилниот фудбалер во моментов настапува како позајмен во Галатасрај, и по завршувањето на сезоната треба да се врати во лондонските „сини“. Меѓутоа тој сака да најде нов ангажман.
Зијеш дојде во Челси како големо засилување, но по доаѓањето на нов сопственик, клубот не смета на него, и на лето веројатно ќе мора да си бара нова средина.
Претходно уште еден фудбалер истакна дека нема намера да се врати во Челси. Станува збор за Јан Матсен, кој вчера избори место во финалето во Лигата на шампионите со Борусија Дортмунд. Веројатно „милионерите“ ќе го откупат за сума од околу 30 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА