Џуд Белингем во својата прва сезона како дел од Реал Мадрид, ќе игра финале во Лигата на шампионите. Англичанецот од Борусија Дортмунд се пресели во Реал, и токму против неговиот екс тим ќе игра финален меч во битка за пехарот.
Белингем низ солзи зборуваше за моментот дека треба да се сретне со своите поранешни соиграчи на тој натпревар.
„Финале против Дортмунд на Вембли. Ќе ми биде чудно, тешко. Ќе играм против играчи со кои до неодамна ја делев соблекувалната. Не можам да верувам“, рече Белингем по мечот со Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА