Баерн Минхен следната сезона ќе остане без голманот Даниел Перец од Израел, кој дојде како замена за Мануел Нојер, кој беше повреден долго време. „Баварците“ во летниот преоден рок се решија да му го продадат на Интер Јан Зомер, па Тухел го донесе Израелецот во Минхен, но тој ретко кога доби шанса.
По повредата на Нојер, шанса доби Свен Улрајх, па Перец остана како трет голман. Тоа не му се допаднало, па побарал на лето да замине. Сега Баерн Минхен планира да го испрати на позајмица во Копенхаген, кој е заинтересиран за неговите услуги, откако нивниот голман Камил Грабара се сели во Волфсбург.
Нојер и натаму е дел од Баерн, и тешко дека и идната сезона некој ќе го замени, па Перец се реши да бара поголема минутажа во друг клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА