Кошаркарите на Шкупи се нов македонски прволигаш откако во одлучувачкиот меч од бараж пресметката триумфираа против екипата на Маџари.
На дуелот кој се играше во салата „Зеф Љуш Марку“ во Чаир, кошаркарите на Шкупи победија со 77-59 со што се изборија за прволигашки статус.
Од почетокот на мечот домашните имаа контрола на резултатот добивајќи го првото полувреме со 38-32. Далеку поагресивно играа во второто полувреме за на крај сосема заслужена убедлива победа која за нив значи Прва лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА