Баер Леверкузен ќе игра финале во Лигата на Европа откако успеа да се извлече во реванш полуфиналната пресметка со Рома. „Волчицата“ имаше предност од 0-2 во Леверкузен, анулирајќи ја предноста на Германците од првиот меч кои го добија со 2-0, но Баер успеа да се спаси со два доцни гола. Најпрво со автоголот на Манчини во 82. минута од натпреварот за 1-2, а потоа и за конечни 2-2 со голот на Станишиќ во 97. минута што беше доволно за новиот германски шампион да се пласира во финалето на второто по квалитет европско клупско натпреварување.
А, претходно Рома до предноста од 0-2 дојде со двата гола од пенал на Паредес во 43. минута и во 66. минута.
🚫 This account will close
✅ Follow @FootColic for all clips pic.twitter.com/8m4YWXKs7o
— 🔆Live on @GoalSpotHD – Follow! (@JessieC96457) May 9, 2024
Аталанта е вториот финалист во Лигата на Европа откако на домашен терен триумфираше со 3-0 против Марсеј. Првиот меч во Франција заврши без победник, 1-1.
Лукман во 30. минута донесе 1-0 за Аталанта, Руџери во 52. минута зголеми на 2-0, а Туре во 95. минута ги постави конечните 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА