Големо признание од УЕФА за Сашо Даневски: Македонецот ќе биде фитнес-тренер на најдобрите судии на престојното ЕВРО 2024!

Големо признание од УЕФА доби Сашо Даневски, националниот фитнес тренер на судии и асистенти на судии во Фудбалската федерација на Македонија, кој е инаку и професор на Воената академија во Скопје. Тој ќе биде еден од петте фитнес тренери од Европа кои ќе бидат одговорни за физичката подготвеност на најдобрите европски судии од елитната група кои ќе ја делат правдата на претстојното Европско фудбалско првенство во Германија од 14. јуни до 7. јули годинава.

Последниот камп  и проверка за судиите пред европското фудбалско првенство ќе се одржи идната недела во Франкфурт каде што ќе биде и базата на судиите на шампионатот. Ќе бидат организирани официјални тренинзи, отворени за јавност и на истите ќе присуствуваат голем број познати фудбалски личности.

Сашо Даневски

Согласно последните промени и корекции за главниот тренинг кој симулира истовремено високоинтензивно движење на главниот судија со неговите помошници и донесување на судиските одлуки се направени токму во Македонија, на тренинг центарот на ФФМ во Скопје. Овој вид тренинг повеќе пати беше тестиран на национално ниво под водство на Сашо Даневски, кој е и автор на сите овие новини за подготовка на судиите.

Сашо Даневски  последните три години работи за УЕФА  и раководи со два курса за развојни судии како главен фитнес тренер. Тој активно учествува на редовните УЕФА летни и зимски семинари на европските елитни судии, а на ЕУРО 2024 ќе биде одговорен за функционалните тренинзи, тимска работа како и за специфичните тренинзи ден пред натпреварот.

М.М.

Се вчитува...