Меѓународната асоцијација на професионални фудбалери, ФИФПро, бара од Меѓународната фудбалска федерација ФИФА да ги разгледа плановите за домаќин на Светското клупско првенство, кое ќе се игра во новиот формат од следната година. ФИФПро се закани и со тужба.
Сите три европски клупски натпреварувања ќе се прошират од следната сезона и ќе учествуваат по 36 екипи. Дополнително, ФИФА го промени форматот на Светското клупско првенство, на кое во иднина ќе учествуваат 32 селекции и ќе се игра во Соединетите Американски Држави од 15. јуни до 13. јули 2025 година.
ФИФпро и Меѓународната асоцијација на лиги (ВЛА) ја изразија својата загриженост за сите овие промени и упатија писмо до првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино и генералниот секретар Матијас Графстром.
Во писмото се наведува дека фудбалскиот календар е пренатрупан и дека националните лиги не можат правилно да ги организираат натпреварите, а играчите се туркаат надвор од нивните граници со зголемени ризици од повреди.
„Овој аранжман ги става националните лиги во ризик и влијае на здравјето и благосостојбата на играчите“, се вели во писмото на ФИФПро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА