Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо изјави дека неговиот тим заслужено се пласираше во финалето на Лигата на Европа, пренесуваат германските медиуми.
Баер синоќа одигра 2-2 со Рома во Леверкузен во реваншот од полуфиналето на Лига Европа. Германскиот клуб стигна до финалето на ЛЕ, откако победи со 0-2 во првиот полуфинален натпревар одигран минатата недела во Рим.
„Знаев дека може да има проблеми на реваншот против Рома. Губевме со 0-2, примивме два гола од ситуации кои лесно ги дозволивме кога го промашивме пеналот, но не смееме да заборавиме дека постојано создававме шанси. Ми се допадна реакцијата по 0-2 и заслуживме да играме во финалето на ЛЕ. Минатата сезона бевме блиску, сега сме тука“, изјави Алонсо.
На 22. мај Баер ќе игра против Аталанта во финалето на ЛЕ во Даблин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА