Двете младински репрезентации на Македонија со пријателски натпревари на гостински терен во Зрече против соодветните селекции на Словенија ја темпираат формата за настапот на ЕП 2024.
Јуниорскиот тим предводен од селекторот Раде Стојановиќ триумфирашесо 30-25 во натпревар во кој Македонија со серија од 0-4 во второто полувреме успеа да дојде од 21-19, до 21-23, а потоа со уште подобра игра сосема заслужено да дојде до триумфот.
Најефикасни во македонската победа беа Узунчев со 8 гола, Белистојановски со 7 погодоци, Калајџиески со пет гола, а со четири погодоци заврши Михајловиќ.
Кадетите, пак, во максимално израмнет натпревар минимално загубија со 26-25 (12-12). Тимот на Наум Танески одигра одличен натпревар, но во финишот домашниот тим имаше повеќе среќа.
Кадетската селекција играше некомплетна без Дамјан Митев и Самоил Ристевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА