Раководството на АБА-лигата преку официјално соопштение ја призна големата грешка на судиите на вчерашната мајсторка меѓу Партизан и Будуќност, кога беше исклучен најдобриот гостински кошаркар Јоги Ферел кон средината на третата четвртина.
Ферел имаше 18 поени без промашување од поле до моментот на исклучувањето, кое следеше за добиената техничка грешка за приговор, откако во првото полувреме му беше досудена и една неспортска грешка.
„На 6:47 минути до крајот на третата четвртина, при шут за три поени офанзивниот играч Кевин Пантер ја мрдна десната нога во страна и иницираше контакт со дефанзивниот играч Кевин Ферел. Судиите досудија фаул врз Пантер, што беше погрешна одлука. Требаше да биде досудена техничка грешка на офанзивниот играч Кевин Пантер“, се вели во соопштението на АБА-лигата.
Будуќност без Ферел во тимот целосно падна во играта во последната четвртина, што Партизан ја доби со двоцифрена разлика и стигна до убедлива победа во мајсторката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА