Шпанскиот евролигаш Басконија е на прагот на ново продолжување на договорот на еден од најзначајните кошаркари во тимот, Маркус Хауард, пренесуваат шпанските медиуми.
Дваесетипетгодишниот Американец на старот на сезоната потпиша нов договор со важност од 2026 година, но одличните настапи и враќањето на Душко Ивановиќ на клупата на тимот ќе резултира со уште побогат договор за дополнителни две години.
Очекувањата се дека новиот договор ќе ја зголеми и откупната клаузула на Хауард која во моментот изнесува 1.3 милиони евра.
Хауард оваа сезона ја доби престижната „Алонсо Форд“ награда за најдобар поентер во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА