Македонската машка ракометна репрезентација денеска на реванш средбата од баражот за пласман на Светското првенство 2025 против Фарски Острови ќе има поддршка од полна сала.
Оваа информација ја потврди Ракометната федерација со објава на социјалните мрежи.
Натпреварот е со почеток од 19 часот и на истиот избраниците на Кирил Лазаров ќе „бркаат“ негатива од седум голови по поразот во првата меѓусебена средба одиграна на гостински терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА