Џенова ја потврди фаворитската улога во 36. коло од Серија А и славеше со 2-1 против Сасуило во натпревар во кој домаќините стигнаа до трите бода благодарение на целосен пресврт во второто полувреме
Сасуоло поведе во 31. минута по голот на Пинамонти од белата точка, но водството траеше до 56. минута кога Бадељ ремимзираше на 1-1. Конечните 2-1 беа постиганти со автогол на Кумбула во 63. минута.
21 пораз на Сасуило во сезоната го доведе овој клуб до тешка ситуација за изборување на опстанок со 29 освоени бодови на две кола пред крајот на шампионатот.
Претходно Торино стигна до три бода на гостувањето кај Верона со победа од 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА