Баер Леверкузен го продолжи победничкиот поход во Бундеслигата откако во 33. коло славеше на гостувањето кај Бохум со 0-5.
Домаќините им ја олеснаа задачата на шампионите со црвениот картон на Паслак во 15. минута, а преднсота од играч повеќе беше искористена од страна на Шик во 41. минута. До крајот на првото полувреме мрежата ја затресе и Бонифејс од белата точка, а предност од 0-3 постави Адли во 76. минута.
Во 86. минута Станишиќ ја затресе мрежата за 0-4, а конечните 0-5 ги постави Грималдо на асистенција на Станишиќ во 93. минута.
Со новите три бода Баер Леверкузен го запиша 87 освоен бод во Бундеслигата, додека Бохум докрајот на првенството ќе стравува за прволигашкиот статус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА