Секоја чест на ракометарите за извонредната партија и заслужениот мундијалски булет, но честитки заслужуваат и сите навивачи кои дојдоа денеска во СЦ „Борис Трајковски“ да им дадат крилја на избраниците на Кире Лазаров кога им беше најтешко.
Од првата минута и почетниот гол на гостите за 0-1 беше очигледен набојот на трибините, вербата дека може да се успее без разлика на големата негатива.
А кога селекторот и ракометарите веруваат во себе, а зад себе имаат и 7.000 грла, тогаш се е полесно. Фараните не знаеја што ги снајде во Скопје, како што во минатото им се случуваше и на други селекции, затоа што кога Македонија ќе влезе во ритам и ќе почне да гази, со вакви навивачи и атмосфера, неуспехот не е опција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА