Извонредната победа над Фарските Острови значеше уште еден настап на големите натпреварувања за македонската ракометна репрезентација, која е редовен учесник на сите европски и светски шампионати уште од легендарното ЕП во Србија во 2012 година.
Ракометниот Мундијал во 2025 година ќе се одржи во три европски држави, Хрватска, Норвешка и Данска, а покрај овие три селекции, автоматски пласман на СП без квалификации обезбедија и Франција, Германија и Шведска.
Покрај Македонија, до мундијалски билет преку овие бараж-квалификации обезбедија и селекциите на Унгарија, Италија, Холандија, Чешка, Шпанија, Словенија, Португалија, Исланд, Полска и Австрија.
Од претходно мундијалски визи имаа и Алжир, Египет, Гвинеа, Тунис и Зеленортските острови од Африка, како и Катар, Јапонија, Кувајт и Бахраин од Азија. Јужна Америка повторно ќе ја претставуваат Бразил, Аргентина и Чиле, а во наредните денови ќе бидат познати победниците во квалификациите на северноамериканскиот континент.
Ждрепката за групната фаза од СП 2025 ќе се одржи на 29 мај, а нема сомнеж дека македонската јавност ќе посакува група во Хрватска, за што повеќе наши навивачи да отпатуваат и да им дадат поддршка на избраниците на Кире Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА