Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 32. КОЛО
Веќе се е јасно во Првата фудбалска лига на Македонија, откако Струга Трим Лум со гостинската победа над Шкендија од 0-2 успеа да ја одбрани титулата. Тетовци имаа се во свои раце откако како лидери влегоа во меч на домашен терен кој беше за трофејот, но сепак искуството на Бесарт Ибраими и Марјан Радески на крајот беше клучно за нова титула за Струга. Останува до крајот во последното коло да се види само кој ќе биде второпласиран, откако Шкупи одигра само 0-0 на домашен терен со АП Брера па во последното коло влегува со минус два зад второпласираната Шкендија. По ремито со Силекс на гости 1-1 познато е дека најтрофејниот Вардар ќе игра бараж за опстанок против Детонит Плачковица, додека во дуелот меѓу двата нови второлигаши Македонија ЃП славеше на домашен терен со Брегалница 2-1. Во мечеви без поголемо резултатско значење без голови 0-0 одиграа Тиквеш – Воска, како и Гостивар – Работнички.
====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Бесарт Ибраими (Струга ТЛ)
Веќе се е јасно во Првата фудбалска лига на Македонија, откако Струга Трим Лум со гостинската победа над Шкендија од 0-2 успеа да ја одбрани титулата. Тетовци имаа се во свои раце откако како лидери влегоа во меч на домашен терен кој беше за трофејот, но сепак искуството на Бесарт Ибраими и Марјан Радески на крајот беше клучно за нова титула за Струга. Овој феноменален меч Бесарт Ибраими го одбележа и со неверојатен погодок, па затоа и повеќе од заслужено е избран за играч на рундата во ПМФЛ.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Меритон Гега (Струга ТЛ)
Фудбалерите на Струга ТЛ ја одбранија титулата во ПМФЛ откако славеа на гостински терен со Шкендија со 0-2. Најголем виновник за одбраната на титулата е стратегот Меритон Гега, кој по лошиот период го презема клубот и стигна до две големи победи кои на крајот беа клучни за освојување на шампионатот.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Бесарт Ибраими (Струга ТЛ)
Фудбалерите на Струга ТЛ ја одбранија титулата во ПМФЛ откако славеа на гостински терен со Шкендија со 0-2. Резутатот го отвори неверојатниот Бесарт Ибраими кој со еврогол донесе втора титула за стружани во домашниот шампионат.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА