Таткото на Фјури му ја раскрварил главата на член од таборот на Усик

Тајсон Фјури и Олександар Усик в сабота ќе влезат во рингот за обединување на титулите во тешка категорија. Како тензиите да не беа веќе високи, таткото на Фјури ги загреа дополнително. Џон Фјури се судри со тимот на Олександр Усик.

Фјури сениор со глава удрил еден од членовите на тимот на Усик и – му ја скршил главата.

„Ние само навивавме за нашиот борец. Викавме „Усик, Усик“, а тој полуде. Сакав да го удрам, но не би било фер поради разликата во години. Тој не треба да влезе во вистинска борба, може да добие срцев удар и да заврши во болница“, изјави Станислав Степчук.

Кога малку се смирија страстите, таткото на Фјури се извини.

 

Се вчитува...