Кошаркарите на Оклахома сити тандер израмнија на 2-2 против Далас маверикс во полуфиналето на Западната конференција откако вчера на гостински терен славеа со 96-100.
Шаи Гилџс Александер со 34 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените залуден беше трипл-даблот на Лука Дончиќ кој мечот го заврши со 18 поени, 12 скока и десет асистении.
Koшаркарите на Бостон селтикс се пред ново финале во Источната конференција откако поведоа со 3-1 во серијата против Кливленд кавалирс откако синоќа славеа на гостински терен со 102-109. Џејсон Тејтум со 33 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Дариус Гарланд заврши со 30 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА