Јаник Синер е на добар пат да го откаже настапот на Ролан Гарос откако лекарите му препорачаа дека мора да продолжи да мирува за да не ризикува да дојде до посериозна повреда.
Тој во изминатите денови имаше детални прегледи во клиниката во Торино, а според „Газета дело спорт“ резултатите не биле позитивни за одличниот тенисер. Лекарската препорака е дека проблемот што го мачи веќе подолго време се уште постои и истиот може да се реши само со подолго мирување. Конкретно, Синер би морал да биде надвор од тренажен процес уште триесетина дена, што би значело дека нема да може да игра на Ролан Гарос, но потоа би бил подготвен за настап на Вимблдон.
Италијанецот уште пред извесно време најави дека здравјето му е приоритет и нема да ризикува со настап на било кој турнир ако тоа може подолго да го оддалечи од терените. Останува да се види дали истиот став ќе го задржи и пред Ролан Гарос, особено ако се знае дека може и без настап во Париз да се искачи на врвот на АТП-листата, доколку Новак Ѓоковиќ не се пласира во големото финале на овој гранслем турнир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА