Првиот финален натпревар во АБА лигата помеѓу Црвена Звезда и Партизан заврши до драматична победа на „црвено-белите“ кои сепак нема долго да ја слават бидејќи повторно остана без услугите на младиот талентиран плејмејкер Никола Топиќ.
Српскиот талент кој беше предвиден како еден од првите пет пикови на престојниот НБА драфт се повреди во третата четвртина од натпреварот, а според информациите на српските медиуми за него сезоната е завршена.
Осумнаесетгодишникот ја обнови повредата на лигаментите и менискусот, а се чини дека овој пат ќе мора да помине и низ оперативен зафат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА