Кошаркарите на Црвена Звезда поведоа со 2-0 во финалната серија во АБА лигата против Партизан откако вечерва во натпреварот два на домашен терен славеа со 80-73.
Првата четвртина помина во израмнета игра во која за нијанса подобри беа гостите кои по десет минути имаа предност од два поени 17-19. Во вториот период домаќините возвратија на ист начин, па на пауза резултатот на семафорот изнесуваше 38-38.
Во третиот период „црвено-белите“ одиграа многу подобро, па во последните десет минути влегоа со позитива од четири поени 61-57. Oдличната игра на избраниците на Сферопулос продолжи и во последниот период, па на две минути до крајот домаќинот за првпат стигна и до двоцифрена предност 77-67. До крајот Звезда го исконтролира мечот за конечен триумф од 80-73
Немања Недовиќ со 21 поен беше прво име кај победникот, додека кај поразените Џејлен Смит постигна 11 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА