Во првиот натпревар од овосезонското финале на хрватскиот фудбалски куп немаше победници и голови, откако Динамо и Риека на „Максимир“ одиграа 0-0.
Македонскиот фудбалер и дефанзивец на Динамо, Стефан Ристовски, по натпреварот изјави дека Риека е одличен противник и дека со правилото гол на гости овој резултат не е лош.
„Вистинска борбена игра. Добро влеговме на средбата, па застанавме во блокот. Мислам дека Риека е одличен противник, како што покажаа денеска. Мислам дека ждрепката е реална. Ајде да се регенерираме и потоа да одиме на победа. Со тоа правило гол на гости, ниту овој резултат не е лош. Одигравме машки натпревар и таму одиме полни со самодоверба и се надеваме дека ќе го освоиме Купот. Како да се подготвам за Руевица? Воопшто не се подготвувам. Одиме таму за да го добиеме она што го зацртавме на почетокот на сезоната“, изјави Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА