Грчкиот гигант Панатинаикос минатото лето беше целосно ремонтиран по разочарувачката сезона 2022/23, а оваа година ги жнее плодовите од направените промени.
ПАО се засили со неколку од најдобрите играчи во Европа, Ергин Атаман седна на клупата, а сето тоа резултираше со патување на Ф4 во Евролигата во Берлин.
Избраниците на турскиот стручњак во борбата за финалето ќе играат против Фенербахче, а Атаман ја најави борбата за шампионскиот пехар. Во исчекување на завршниот турнир во Евролигата, кој е закажан од 24. до 26. мај, од Грција стигнуваат информации дека ПАО ги распродаде сите сезонски билети за помалку од 24 часа.
Според информациите, продадени се 11.200 сезонски билети, па арената ОАКА ќе биде едно од најтешките гостувања и во следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА