Стоперот на Борусија Дортмунд, Никлас Зиле во последно време не игра во првите 11 на „милионерите“, и може да се каже со право. Покрај тоа што тандемот Шлотербек – Хумелс е во одлична форма и не му дозволува на Зиле ниту да „помириса“ место во стартниот тим, дополнителен проблем за Зиле е килажата со која се бори.
На еден од последните тренинзи германскиот стопер е фотографиран со стомак, и се гледа дека Зиле прилично добро се „опуштил“.
Овој фудбалер одамна има проблеми со килограмите. Засега Борусија Дортмунд не му искажува никакви рестрикции, а овој фудбалер го чека борба за тимот за финалето во Лигата на шампионите.
Официјалните податоци говорат дека овој 192 сантиметри висок дефанзивец, има 99 килограми, но фотографиите не покажуваат така.
🤯 Lo del estado físico de Niklas Süle a sus 28 años en el Borussia Dortmund que es. pic.twitter.com/YYtz7jR0ga
— Som I Serem FCB (@Somhiseremfcb) May 16, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА