Тоа што беше претходно најавено денеска официјализирано. Легендата на холандскиот фудбал Робин Ван Перси стартува самостојна тренерска кариера преземајќи ја клупата на холандскиот прволигаш Херенвен.
Ван Перси веднаш по крајот на својата фантастична играчка кариера во 2019 година се посвети на тренерската работа, но најпрво како асистент тренер, а потоа тренер на неколку младински екипи. За да сега се впушта во вистински тренерски ангажман како предводник на сениорска екипа.
Onze nieuwe hoofdtrainer: 𝗥𝗼𝗯𝗶𝗻 𝘃𝗮𝗻 𝗣𝗲𝗿𝘀𝗶𝗲#WolkomRobin | @Persie_Official
— sc Heerenveen (@scHeerenveen) May 17, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

