Рафаел Надал го прокоментира фактот дека со промената на форматот на Мастерс-турнирите дојде и до повеќе повреди кај тенисерите.
Пооделни Мастерси, како оние во Мадрид и во Рим, сега траат по 11 дена, со што стануваат далеку попредизвикувачки и приближни на грандслемовите. Некои тенисери го подигнаа гласот против тој формат, но Надал не гледа ништо спорно во тоа.
„Пропуштив многу важни турнири поради повреди. Но, не може да се жалите на такво нешто, прифатете ги новините. Има играчи кои сакаат да заработат пари, и постојат турнири кои сакаат да заработат. Да ја прифатиме оваа одлука. Нема никаква драма. Турнирите ќе опстанат и без Карлос и Јаник, кои се многу важни играчи, но турнирите можат и без нив“ – вели Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

