Тренерот на Јувентус, Масимо Алегри пред крајот на тренингот го напушти тренинг центарот на клубот, што предизвика големо внимание и полемики во јавноста.
Тој порано го напушти тренинг центарот, а снимката набрзо се најде на социјалните мрежи, благодарение на што стана предмет на контроверзии. Многумина сметаат дека неговото заминување од Јувентус е веќе завршена работа, а ова видео само го потврди тоа.
Торинскиот клуб пред две вечери го освои Купот на Италија, а стрелец на единствениот гол на натпреварот беше српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ, но шокот дојде по мечот, кога Алегри вербално се пресмета со локалните новинари, кои со месеци го критикуваа.
Сепак, и покрај овој освоен трофеј, никој не е убеден дека Алегри ќе продолжи да биде тренер на Јувентус и следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА