Легендата на Челси проговори за трансферите на клубот: Направија огромна грешка со Ковачиќ

Превземањето на Тод Боели на Челси донесе и нова ера на „Стемфорд Бриџ“ која не започна славно. Лондонскиот клуб се мачи со резултати и покрај бомбастичните трансфери за кои беше потрошена огромна сума на пари.

Засилувањата донесоа и заминувања на едни од клучните играчи во тимот како што се Каи Хаверц и Матео Ковачиќ кои ги засилија англиските ривали Арсенал и Манчестер Сити. Овие трансфери ги прокоментира поранешната легенда на Челси, Вилијам Галас.

„Каи Хаверц имаше добра сезона во Арсенал, но не постигна доволно голови за да ја оправда цената на трансфер. Челси не погреши што го пушти него, но од друга страна доаѓањето на Каиседо и Фернандез го исфрли од составот Ковачиќ. Сепак, на младите играчи за врска им требаат искусни како што е Ковачиќ. Челси требаше да го задржи најмалку една сезона за да им помогне на младите играчи во подем“, вели Галас.

Се вчитува...