Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се одлучи за неочекуван потег и прифати да настапи на мастерсот во Женева. Ваквата одлука доаѓа по раната и неочекувана елиминација во Рим каде најдобриот тенисер на светот беше сопрен во второто коло.
Во Швајцарија Србинот ќе се подготвува за Ролан Гарос, а ќе има и интересна конкуренција со оглед на тоа што учество на мастерсот во Женева пријавија и Каспер Руд, поранешниот рекет број еден Енди Мари и Бен Шелтон.
Досега во кариерата Ѓоковиќ забележа само едно учество на мастерсот во Женева во 2006 година. Тогаш неговиот настап заврши со пораз од Роџер Федерер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

