Kлоп се збогуваше со соработниците во Ливерпул (ВИДЕО)

Ливерпул објави видео во кое менаџерот во заминување Јирген Клоп ги поздравува вработените во клубот на „Енфилд“. Во осумте сезони кои германскиот тренер ги мина на кормилото на англискиот гигант, клубот освои исто толку трофеи.

Тој ја освои долгоочекуваната Премиерлига во 2020 година, а ФА Купот две сезони подоцна, кога и Комјунити Шилд трофејот пристигна на витрините на „Енфилд“. Не треба да се заборави ниту првиот трофеј, вкупно шести за клубот ЛШ во 2019 година.

Помеѓу трибините со вработените во 19-кратниот шампион на Англија беше поставен црвен тепих на кој беа наредени споменатите трофеи. Иако има многу шпекулации за тоа кој клуб би можел да го преземе Клоп, сепак не се знае каде ќе работи германскиот стручњак.

Се вчитува...