Недановски: Ние бевме понервозни, и тоа на крај одлучи

Тренерот на Вардар, Владо Недановски сосема очекувано е разочаран по драматична елиминација на неговиот тим во полуфиналето од Купот на Македонија.

Вардар не успеа да обезбеди финале со Е. Пелистер откако не реализира пенал во последната секунда, па на крајот мораше да се помири со поразот од Алкалоид од 25-24.

„И претходно кажав дека ќе биде добар натпревар за уживање, и неизвесен. Ние претходно го победивме Алкалоид двапати во првенството, а го победивме и во Струга, но ете ова беше еден посебен натпревар. Мислам дека ние бевме понервозни, а Алкалоид иако млада екипа беа посмирени и на крајот мислам дека тоа пресуди“ – рече Недановски по мечот притоа дополнувајќи:

„Судењето е навистина за коментирање. Има кој да го коментира. Треба да работиме ракометот да оди напред, а не да се дозволуваат такви некои моменти кои само го нарушуваат кредибилитетот на оваа игра“.

Се вчитува...