Бразил ќе биде домаќин на Светското првенство за жени во 2027 година беше одлучено на 74. Меѓународен конгрес на Светската фудбалска федерација, што се одржа во петокот во Бангкок.
Така Бразил ќе стане првата земја од Јужна Америка која ќе биде домаќин на Светското првенство за жени. Домаќинот на Мундијалот за прв пат беше решен со јавно гласање.
Покрај Бразил, својата кандидатура заедно ја предложија и Белгија, Холандија и Германија. Бразил доби 119 гласа, додека комбинираната кандидатура на европските земји 78. Мундијалот во Бразил ќе биде десетти јубилеј кога е во прашање женскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА