Младиот Петрушев во финалето на ЕП во кајак на диви води

Младиот македонски кајакар, Ангелче Петрушев успеа да се квалификува во финалето на Европското сениорско првенство во кајак на диви води. Тој во дисциплината К-1, во квалификациите беше 10. од 60 натпреварувачи со време од 98,13 и без казнени поени. Зад водечкиот, Британецот Јозеф Кларк заостана 7,35 секунди.

Ова е голем успех за Петрушев, бидејќи тој има 20 години, а весла во сениорска конкуренција. Зад себе остави многу познати имиња од кајакот, а попладне во финалето, меѓу 12 најдобри ќе биде во друштво на кајакари од Велика Британија, Италија, Чешка, Словенија, Франција, Австрија, Шпанија и Швајцарија. ЕП се одржува на патеката Тацен карј во Љубљана, Словенија.

Последен пат Македонија имала учесник во финалето на ЕП во 2010, Атанас Николовски, кој веслаше исто така на оваа патека. На ова ЕП настапија и Кристијан Смилев кој беше 50. и Стефан Рибарски кој беше 59.

Се вчитува...