На Европското првенство во кајак на диви води, кое се одржа во Словенија (Тацен), најдобриот македонски кајакар Ангелче Петрушев го освои извонредното 6. место. Тој најнапред, во полуфиналето како 10. се пласира во финалето и со одлично техничко возење, без казнени поени, го освои 6. место, а за само една секунда му избега бронзениот медал.
Со овој пласман, Ангелче покажа дека е сериозен кандидат за учество на Олимписките игри во Париз сезонава каде досега потврден спортиста од Македонија е само маратонецот Дарио Ивановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

