Јаник Синер сепак има шанси да игра на Ролан Гарос

Во моментов вториот тенисер во светот Јаник Синер се врати на тренинзите со цел да се подготви за стартот на вториот  гранд-слем во сезоната Ролан Гарос. Тој имаше проблеми со колкот во Мадрид каде без борба му го предаде четвртфиналниот меч на Феликс Оже-Алиасим. Сепак, се чини дека повредата е минато, иако се шпекулираше дека тој подолг период ќе биде надвор од терените.

Синер има освоено три турнири досега оваа сезона – Австралија опен, Ротердам и Мајами. Тој го пропушти турнирот во Рим, што ги загрижи италијанските навивачи, но се чини дека закрепнувањето оди во добра насока.

Ролан Гарос е на програмата од 26. мај до 9. јуни, а титулата ја брани Новак Ѓоковиќ.

 

Се вчитува...